Управувачкиот комитет бара ЦУК и ДЗС да бидат под една команда за справување со кризни состојби како пожарите
Ова кое што се случуваше со пожарите е мизерно за една држава која сакаме да биде дел од ЕУ, од аспект дека немаме систем кој може да се справи со кризен менаџмент и одговарање на кризните состојбите. На денешниот состанок на Управувачкиот комитет, на кој присуствуваа повеќе министри и директорот на ЦУК, донесовме одлука со која ѝ препорачуваме на Владата да донесе одлука која што ќе треба да биде насочена во насока на реорганизација на непостоечкиот систем за да се справи со секоја криза во државата, рече денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција.
Според него, факт е дека и ЦУК и сите останати институции делуваат во наследените капацитети, но тоа не е содветно и ненавремено согласно потребите.
-Факт е дека треба реорганизираме во насока на реакција. Наследивме руиниран систем и мораме суштински да го реформираме, за да следната година не не снајде истото кое што не снаоѓаше наназад повеќе години, рече Тошковски, додавајќи дека една од точките на разгледување на законски промени, според кои ЦУК и ДЗС би биле под една команда и формирање на една специјална единица.
Министерот информира дека полицијата е фокусирана на откривање на сите сторители и предизвикувачи на пожари кои што ги нарече „национална катастрофа“. Досега има двајца осомничени за два кривично-правни настани и се преземени соодветни чекори од аспект на откривање на вистината и процесуирање до надлежни органи.
Управувачкиот комитет е тело на Владата за координација и управување со системот за управување со кризи. Го сочинуваат министрите за внатрешни работи, здравство, транспорт и врски, одбрана, надворешни работи и раководителот на Групата за процена.
Дума.мк