Уште колку празнични поврзувања на работни денови ќе имаме овој месец?

Објавено на 17 април, 2023 во 10:03

Викендов по повод најголемиот христијански празник граѓаните имаа продолжен викенд. Неработни денови беа 14 април Велики Петок и денешниот втор ден на Велигден, 17 април, понеделник.

Оваа недела според календарот, ќе работиме само три дена, па повторно имаме продолжен викенд.

Во овој месец неработен за сите граѓани е и 21 април кога се празнува Рамазан Бајрам, а истиот се паѓа во петок.

Веднаш следната недела, на почетокот на мај имаме продолжен викенд. 1 Мај се паѓа во понеделник, што значи дека заедно со викендот ќе имаме добра можност да испланираме некое патување.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.