Утре второ јунско пријавување за упис во средните училишта
Објавено: 22 јуни, 2026, во 11:07 часот
Учениците кои не успеаја да се запишат во средно образование во првиот јунски рок, утре, на 23 јуни ќе имаат нова можност да аплицираат на второто јунско пријавување за учебната 2026/2027 година. Пријавувањето ќе се врши електронски, а потребната документација ќе се доставува до училиштата на 24 јуни.
Според календарот на Министерството за образование и наука, прелиминарните ранг-листи ќе бидат објавени на 25 јуни до 12 часот. Во училиштата каде ќе има кандидати со ист број бодови, ќе се организира квалификациско тестирање на 29 јуни, по што истиот ден ќе бидат објавени и конечните резултати.
За второто пријавување остануваат слободни вкупно 11.882 места. Од нив, 7.404 се за настава на македонски јазик, 4.002 на албански, 456 на турски и 20 места на српски јазик.
Во првиот уписен рок биле пријавени 15.075 ученици, а успешно се запишале 13.397. Најголем дел од нив се запишале во стручните училишта, додека значителен интерес имало и за гимназиското образование.
Во меѓувреме, за дел од образовните профили каде интересот е поголем од предвидениот број ученици, се организира квалификациско тестирање.
Дума.мк

