Облачно време со дожд денеска и утре, разведрување од среда
Објавено: 2 ноември, 2026, во 08:09 часот
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а температурите ќе се движат од 6 до 17 степени.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени, додека максималната ќе достигне од 12 до 17 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со повремен дожд и слаб ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од минимални 7 до максимални 16 степени.
Oд утре ќе се задржи претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд. Локално се очекуваат пообилни врнежи, со над 20 литри на квадратен метар, особено во текот на утрешниот ден.
Од среда до почетокот на викендот времето ќе биде стабилно и суво, со променлива облачност, која кон сабота постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Дума.мк


