Утрово почуствуван земјотрес во Македонија

Објавено на 24 март, 2022 во 10:06

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала утринава беше почувствуван од населението во Битола, Ресен и околината.

Како што информира Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот кој потекнува од Битолското епицентрално подрачје е регистриран во 6:15 часот на 106 километри јужно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда ML2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.