Васил Јованов казнет со 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Објавено на 13 мај, 2025 во 12:53

Васил Јованов доби 12 години затворска казна за прегазувањето на Фросина Кулакова на 29 јануари годинава, на пешачки премин во Скопје. Пресудата за судењето што почна на 9 овој месец беше изречена денеска во Основниот кривичен суд Скопје. Јованов доби и забрана за управување со моторно возило во траење од 5 години.

Според обвинението, на 29 јануари годинава, Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.

За делото на Јованов максималната затворска казна е 20 години.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.