(Видео) Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, туку веднаш да пријават

Во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните, во изминатиот период, пријавени се повеќе кривични дела „измама”, кои се извршени врз повозрасни лица, информираат од МВР.
-Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош, пишува во соопштението за јавност на МВР.
Дума.мк
