Викендов почнува летното сметање на времето

Објавено на 25 март, 2022 во 09:53

Од недела почнува летното сметање на времето. Ноќта меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред што значи дека наместо два ќе биде три часот.

Летното сметање на времето почнува секој последен викенд во март и трае до последниот викенд во октомври, кога повторно настапува зимоското сметање на времето. Годинава летното сметање на времето ќе трае до 30 октомври во 3 часот по полноќ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.