Вирусот стивнува, можно е олабавување на мерките
Бројот на хоспитализирани и заразени од ковид 19 во земјава полека се намалува. Министерот за здравство Венко Филипче, најави дека од 1 јуни е можно да се укине мерката за задолжително носење заштитни маски.
„Следната недела ќе има состанок Комисијата за заразни болести која ќе одлучува за понатаму. Овие мерки важат до 1 јуни“, изјави Филипче за ТВ21.
Министерот за здравство, пред извесен период кажа дека се размислува веќе на почетокот на јуни да се дозволи организирање на ваквите фамилијарни веселби.
„Многу е веројатно да се случи тоа, ако бројките и понатаму се намалуваат како што се намалуваат досега“, вели Филипче.
Рестораните и понатаму би биле отворени само во надворешниот дел од локалот, а се размислува и за зголемување на капацитетот на гости на една маса.
Комисијата за заразни болести идната недела треба да одлучува дали ќе се укинат досегашните рестриктивни мерки против Ковид-19 и дали граѓаните и летово задолжително ќе мора да носат заштитна маска и на отворено.