Вирусот стивнува, можно е олабавување на мерките

Објавено на 25 мај, 2021 во 09:34

Бројот на хоспитализирани и заразени од ковид 19 во земјава полека се намалува. Министерот за здравство Венко Филипче, најави дека од 1 јуни е можно да се укине мерката за задолжително носење заштитни маски.

„Следната недела ќе има состанок Комисијата за заразни болести која ќе одлучува за понатаму. Овие мерки важат до 1 јуни“, изјави Филипче за ТВ21.

Министерот за здравство, пред извесен период кажа дека се размислува веќе на почетокот на јуни  да се дозволи организирање на ваквите фамилијарни веселби.

„Многу е веројатно да се случи тоа, ако бројките и понатаму се намалуваат како што се намалуваат досега“, вели Филипче.

Рестораните и понатаму би биле отворени само во надворешниот дел од локалот, а се размислува и за зголемување на капацитетот на гости на една маса.

Комисијата за заразни болести идната недела треба да одлучува дали ќе се укинат досегашните рестриктивни мерки против Ковид-19 и дали граѓаните и летово задолжително ќе мора да носат заштитна маска и на отворено.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.