Во 12 градови нема ниту еден заболен од ковид-19

Објавено на 24 јуни, 2021 во 09:46

Податоците што ги објави вчера Министерството за здравство за претходните 24 часа покажуваат дека продолжува трендот со мал број заразени со коронавирусот. Од направени 2.466 тестирања, регистрирани се пет нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани се осум оздравени пациенти и едно починато лице во болнички услови. Бројот на активни случаи изнесува 251.

Според епидемиолошки анализи, најмногу активни случаи има во Скопје 92, додека пак во ови градови нема заболени со ковид 19:

Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Ресен, Берово, Пробиштип, Валандово, Богданци, Демир Капија, Пехчево, Македонска Каменица и Дојран. Досега во земјата се направени вкупно 861.692 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.645, бројката на оздравени пациенти е 149.916, на починати е 5.478, а бројот на активни случаи изнесува 251.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.