Во четврток, во Македонија нови врнежи, грмежи и невреме!
Објавено: 9 септември, 2025, во 08:55 часот
„Под влијание на нова фронтална долина со поладен воздух на висина која од северозапад преку алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европа, во четврток,11 септември, во Македонија ќе дојде до нова дестабилизација на атмосферата.
Во ваква ситуација во четврток, ќе се создаваат влажни фронтални бранови кои ќе условуваат развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои на повеќе места очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за локална појава на град.
И во делови од Скопскиот регион во четврток ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


