Во државава регистрирани 106 шумски пожари – Владата ќе ги обесштети граѓаните
-Од 26 јуни до денес на територија на нашата држава избувнаа 106 шумски пожари од кои најлошиот беше во Берово,Пехчево и Делчево. Изгореа објекти, стари куќи и придружни објекти и еден покрив на куќи во Кочани. Владата ќе ги обесштети граѓаните, а се прави проценка и се утврдуваат штетите на останатите, информираше на прес-конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Тој посочи дека ЦУК активно се подготвува за план за реформи и ќе формира широко тело кое ќе се зафати со нив.
-Се надевам дека во следните неколку месеци ќе успееме да ги поставиме основите на единствен систем со управување со кризи, рече Ангелов.
Во моментов активни се пожарите на потегот од село Буковиќ кон Чајлане, каде што попладне е планирана и употреба на хеликоптер, како и на потегот Ракле – Никодин – Топлица, на недостапен терен.