Во изминатите 24 часа произведени се 9.978 мегават часови електрична енергија

Објавено на 14 април, 2023 во 11:27

АД ЕСМ вчера произведe 9.978 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта и други витални државни субјекти, соопштија денеска од владината прес-служба. Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 13.04.2023 година.

Во термоелектраните произведени се 8.255 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 1.723 мегават часови електрична енергија.

„Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 3.360 мегават часови електрична енергија,“ пишува во соопштението на владата.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.