Во Србија има 14.767 Македонци, покажуваат резултатите од пописот
Според резултатите од пописот во Србија одржан во 2022 година, во земјата има вкупно 6.647.003 граѓани. Во категоријата национална припадност, најмногу, како и на претходните пописи, се Србите со 5.360.239 попишани, а потоа следуваат 61.687 Албанци. Според резултатите од пописот, има и 153.801 Бошњак, стои во извештајот на тамошниот „Републички завод за статистика“.
Според објавените податоци, 21.013 се Власи, 7.700 Горанци, а 27.143 граѓани се изјасниле како Југословени. На пописот имало и 184.442 Унгарци, а како Македонци се изјасниле 14.767. 13.011 се попишале како муслимани, 2.573 Германци и 131.936 Роми.
Според објавените податоци, има 23.044 Романци, 10.486 Руси, 41.730 Словаци, 2.829 Словенци и 3.969 Украинци. На пописот се изјасниле и 39.107 Хрвати и 20.238 Црногорци.
Дума.мк