Временска прогноза: Без врнежи и оваа недела, Африканскиот топол бран продолжува!
Објавено: 12 август, 2025, во 09:12 часот
„Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во Македонија продолжува стабилното, суво, сончево и многу топло време со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен поравец.
Во Скопје и околината исто така времето и понатаму ќе биде стабилно, суво, многу топло и сончево со мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен правец.
Што се однесува до температурите на воздухот, тие ќе бидат многу високи и насекаде ќе надминуваат 30 степени, на многу места тие ќе надминуваат и 35 степени а во Повардарието температурите ќе се искачат до околу 40 степени. И во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 40 степени.
Поради многу топлиот бран од Африка кој условува многу високи температури на воздухот апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.
Врнежи и понатаму нема на повидок, што значи дека во текот на целата оваа недела ќе имаме суво и стабилно време насекаде во Македонија,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


