Временска прогноза: Бурни Атмосверски процеси за време на викендот, граѓаните да бидат внимателни!

Објавено на 25 април, 2025 во 08:09

Фото:Архива на Дума.мк

Бурни атмосферски процеси, поради влијанието на плитката фронтална долина која се наоѓа над делот од Европа во којшто припаѓа Македонија, се прогнозира за време на претстојниот викенд, 26 и 27 април од метеопрогнозерот Славчо Поповски. Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.

„Локално Атмосферските процеси ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време којшто може да услови локални поројни поплавувања, силен ветер, електрични празнења  и појава на град. Токму поради ваквата состојба, апелирам граѓаните да бидат крајно внимателни.

И во Скопскиот регион за време на викендов, 26 и 27 април, времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Во делови од котлината ќе биде и нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на невреме.

Температурите ќе се искачуваат во интервал од 16 до 23 степени, додека за неколку степени пониски ќе бидат температурите во недела на 27 април додека останува релатино топло време, прогнозира Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.