Временска прогноза: Доаѓаaт бранови на нови врнежи, грмежи и невреме!

Објавено на 13 мај, 2025 во 08:30

„Под влијание на плитка долина со поладен воздух во висина, денеска, вторник, 13 мај, во Македонија ќе дојде до ново дестабилизирање на атмосферата и појава на врнежи од дожд на повеќе места и тие ќе бидат проследени со грмежи , како и со засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално, атмосферските процеси можно е да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со појава на град.

Апелирам, во случај на појава на невреме и на електричлни празнења, да се избегнува претстој на отворено, особено во близина на осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер потребно е граѓаните да ги заштитат автомобилите, да не ги оставаат во близина или под дрвја, особено не под осамени.

И во делови од Скопскиот регион ќе има услови за развој на грмотевични облаци од кои се очекува појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите остануваат без поголеми промени, што значи ќе бидат пониски од оние кои ги имавме изминатиот период. Уште поголем пад на температурите  и многу повеќе врнежи се очекуваат од крајот на оваа работна седмица. Тогаш, поради падот на температурите на воздухот, на високите планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, а температурите ќе бидат далеку потпросечни за месец мај.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување на невреме НОТАС, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/“, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.