Временска прогноза: Променливо облачно со сончеви периоди

Објавено на 31 октомври, 2023 во 08:09

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието наместа ќе засилува. Во текот на ноќта во крајните западни делови ќе има локален дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од два до десет степени, а максималната ќе достигне 25 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од југоисточен правец и максимална температура до 23 степени.

Следува период на променливо облачно време. Утре кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, утринската температура ќе биде во пораст, а дневната во благо опаѓање. Во петок ќе дува засилен ветер од јужен правец, а нов поинтензивен влажен бран со обилни врнежи се очекува во текот на ноќта и во сабота.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.