Временска прогноза: Сончево со умерена облачност
Објавено: 30 октомври, 2023, во 08:55 часот
Времето денеска ќе биде сончево, во југозападните делови претпладне со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од еден до осум степени, а максималната ќе достигне 27.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе биде 24 степени.
Од утре облачноста ќе се зголеми, а во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе се намали за околу пет степени. Потоа нов поинтензивен влажен бран се очекува во петок попладне и во сабота.
Дума.мк


