Времето денеска облачно и ветровито

Објавено на 18 ноември, 2021 во 09:20

Претпладне по котлините ќе има појава на магла и значителна ниска облачност и во западните делови ќе има услови за слаб дожд. Вдолж пошироко Повардарие ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утре во западните делови умерено до значително облачно, а во источните делови посончево. Ќе се задржи малку посвежо и ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе ги спушти дневните температури за неколку степени, а условите за појава на утринска магла ќе се намалат. Во недела ќе преовладува претежно сончево време.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.