За излез од државата на „Табановце” и „Богородица” се чека околу половина час
Објавено на 24 јули, 2023 во 09:52
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Табановце“ за влез и ГП „Богородица“ за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, соопштија од Авто мото сојуз на Македонија.
Оттаму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Дума.мк