Заев: Полицајците се чувари на граѓаните и тоа е голема обврска
„Да се биде заштитник и пријател на граѓаните е голема обврска, но и огромна чест која им е доверена на полициските службеници“, објави премиерот Зоран Заев по повод 7 мај, Денот на македонската полиција.
Според него, во период кога се справуваме со сериозна закана од глобалната пандемија полицајците се во првите редови во борбата против коронавирусот.
„Полицајците се нашите заштитници, чувари на граѓаните, на нивните права и безбедност. Само со професионализирани и деполитизирани служби можеме да градиме систем кој ќе ги осигура основните функции на полицијата. Никогаш повеќе не смеат да бидат злоупотребени во политички цели. Упатувам искрени честитки до сите полициски службеници за посветеноста и пожртвуваноста при вршењето на должностите и работните обврски. По повод Денот на македонската полиција и заедно да ја унапредуваме службата во сервис и заштитник – пријател на граѓаните! Честит 7 Мај – Денот на македонската полиција!“, истакна премиерот.