Заев: С.Македонија многу сработи, време е и ЕУ да го испорача ветеното кон нас
Објавено: 14 мај, 2021, во 11:15 часот
Северна Македонија многу сработи, испорачавме реформи, испорачавме и правда – време е и ЕУ да го испорача ветеното кон нас, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев по европската агенда.
-Клучните претставници во европските институции знаат и разбираат дека за македонскиот јазик и македонскиот идентитет нема да преговараме, додаде Заев.


