Зеленски му се заблагодари на Пендаровски за поддршката за членство на Украина во НАТО

Објавено на 3 октомври, 2022 во 09:40

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа на Твитер објави дека девет земји од Централна и Источна Европа, меѓу кои и Македонија, го поддржуваат членството на Украина во НАТО.

Како што наведува, тие земји ги осудија „обидите на Русија да анектира украински територии“.

Зеленски им се заблагодари на лидерите на тие земји за ваквиот потег, вклучително и на претседателите Стево Пендаровски и Мило Ѓукановиќ.

„Благодарен сум на нашите соседи – земјите од Централна и Источна Европа за поддршката за членството на Украина во НАТО и за осудувањето на обидот на Руската Федерација за анексија на украински територии“, напиша Зеленски.

Тој прецизираше дека покрај Ѓукановиќ и Пендаровски, станува збор и за претседателот на Естонија Алар Карис, претседателот на Летонија Егилс Левитс, претседателот на Литванија Гитанас Науседа, Анджеј Дуда од Полска, Клаус Јоханис од Романија, Зузана Чапутова од Словачка и Милош Земан од Чешка.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.