Три фирми ќе градат визби во кавадаречко!

Објавено на 25 ноември, 2012 во 11:54

Најавите за изградба на  нови винарии во кавадаречко почнаа да влеваат оптимизам кај дел од производителите на грозје. Се почесто ја дикустираат оваа тема и сметаат дека на тој начин ќе се створи конкуренција во винската индустрија, а тие ќе добијат повисока цена за грозјето. Токму ниската  цената е главната причина што на многу лозари во глава им се врти да ги ископачат лозовите насади.

АД “Гоце Делчев“ веќе интензивно работи на подготовките околу почеток на изградба на винарија која ќе има капацитет за прием на околу 14 милиони килограми винско грозје. И винаријата “Аневски“ од Штип најави изградба на винарница, а деновиве најава стигна и од германски инвеститор кој винарската визба ќе ја изгради во просториите на поранешната кооперација со ладилник.

Околу најавите за нови винарии градоначалникот на Кавадарци, Александар  Панов  во емисија на локалната КТВ рече дека лозарите не треба да стравуваат за иднината на лозарството.  Иако со помал капацитет, новите винарии според него ќе помогнат во откупот на грозје.

“Имав средба со германскиот инвеститор кој им е  добро познат на луѓето од винската индустрија. Винарија ќе градат  и АД “Гоце Делчев“  и  “Аневски“.  Доколку само овие најави се реализираат,  мислам дека ке немаме проблеми со пласманот на грозје.Само така ќе се створи здрава пазарна цена на грозјето и лозарите не треба да се плашат дека ќе нема каде да го продадат својот род“рече Панов во емисијата “ТВ објектив“  на КТВ.

Во Тиквешкиот регион се продадени  6 локации за изградба на мини-винарници.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.