Земјотрес во Грција, се почувствува и во Македонија
Објавено на 14 јуни, 2021 во 17:24
Попладнево земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер, бил регистриран денеска во Грција, во близина на осторовот Крф, на границата со Албанија, соопшти ЕМСЦ.
Според информациите, земјотресот пред 42 минути бил почувствуван и во југозападните делови од Македонија, односно во околината на Охрид, Ресен и Битола.
Претходно во близина на Јанина, Грција бил забележан земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтер.