ЗНМ: Правната несигурност ги става локалните новинари во ризик

Објавено на 5 декември, 2024 во 10:57

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) внимателно ја следи судската постапка во која колешката, новинарката Анета Блажевска од Битола, е тужена за клевета од страна на директорката и пензиониран правник на Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ во Битола.

Изразуваме загриженост поради првостепената пресуда, во која проблематично е што од страна на Основниот Суд во Битола не се доволно земени во предвид дејствијата преземени од СВР Битола и ОЈО Битола кон тужителката за наводите во новинарскиот текст. Оваа постапка отвора сериозни прашања за пристапот и стандардите што се применуваат во судските процеси поврзани со новинари.

Потенцираме дека ваквите правни постапки и односот кон локалните медиуми и новинари дополнително ќе ја поткопаат и така кревката слобода на новинарите и медиумите од локалната заедница во земјава. Потребно е да се осигура средина во која новинарите ќе можат слободно да ја извршуваат својата професија, без страв од правни последици, особено кога известуваат за прашања од јавен интерес.

Остануваме посветени и даваме целосна поддршка за колешката Блажевска, како и за сите новинари кои се соочуваат со слични правни притисоци, и ќе продолжиме да се залагаме за правда, слобода на медиумите и заштита на медиумските работници.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.