103-годишна жена скокна со падобран и го собори светскиот рекорд
Швеѓанката Рут Ларсон (103) постави светски рекорд вчера попладне кога скокна со падобран во тандем во близнина на Мотала, околу 200 километри југозападно од Стокхолм.
Рут Ларсон лесно се спуштила на тлото под светлосиното небо, каде ја чекаа помагачите, а ја сними и шведската телевизија „SVT“.
„Горе беше прекрасно“, изјави Ларсон кога се спушти, а на настанот сведочеше претседателот на Гинисовата книга за светски рекорди.
Ларсон, која е од градот Мјолби, изјави дека и се допаднало чувството кога се спуштала од небото, и покрај слабиот вид. Таа изјави дека не била нервозна пред случувањата бидејќи 2019 година веќе скокала во тандем.
„Секогаш се спуштам“, изјави таа.
Ларсон, 103-годишната жена, го собори рекордот на Американската Кетрин Хоџис која во мај 2019 година скокна од мал авион во близина на Сиетл на возраст од 103 години и 129 дена.