Човек од Небраска веслаше во издлабена џиновска тиква 38 милји по реката Мисури (видео)
Тргнете се настрана, ултрамаратонци! Америка има нов спортски ентузијаст во веслање, но, наместо кајак весла во тиква. Еден човек од Небраска постави нов светски рекорд откако веслаше 38 милји по река во огромна, издлабена тиква што самиот ја одгледал.
Дуан Хансен од Сиракуза, Небраска, САД се стуткал во џиновската тиква, која тежела неверојатни 384 килограми. Хансен тргнал по реката Мисури околу 7.30 часот и го завршил своето патување по 18.30 часот.
Изгледа дека 11-часовното патување му нанело и физичка штета на Хансен, кој го нарекол портокаловиот брод Берта.
„Поминав 38 милји по реката без да станам од таа тиква и уште ме болат колената“, рече Хансен во видеото објавено од „Reuters“. „Веројатно нема да го пробам ова повторно“, додаде тој со насмевка. „Ако некој го собори овој рекорд, ќе му се поклонам“.
Тој изјави за „Omaha World-Herald“ дека претрпел судири со песок и карпа, како и силен дожд и студ.
„Си помислив: – Само ќе веслам посилно и ќе се загреам. Не размислував да се откажам“, рече тој. „Поминав уште четири до пет милји и повторно врнеше. Берта беше само околу осум инчи над водната линија. Никогаш не сум посветил толку внимание толку долго во целиот мој живот. Беше тешко“, додаде Хансен.
This Nebraska resident set a record for paddling in a giant hollowed-out pumpkin, going down the Missouri river for 38 miles pic.twitter.com/TKb3s9zb67
— Reuters (@Reuters) August 29, 2022
Тој од американските медиуми беше опишан како „долгогодишен жител на Небраска кој како хоби ужива да одгледува големи тикви и друг зеленчук“ и бил инспириран да го собори претходниот рекорд откако видел друг веслач како се обидува да го направи тоа. Несомнено, Дуан Хансен решил да го прослави својот 60-ти роденден на уникатен, ако не и малку луд начин.
Хансен ги замоли градските власти да сведочат за подвигот за да биде признат во Гинисовата книга на рекорди. Организацијата сè уште не ги потврдила резултатите, но потврдила дека ќе го надмине актуелниот рекорд за „најдолго патување со тиква“ што од 2016 година го држи Рик Свенсон, кој патувал 25,5 милји или 41.038 км во Гранд Форкс, Северна Дакота, САД.