Финската премиерка се појави и во друго светло

Објавено на 14 јули, 2022 во 13:37

Финската премиерка Сана Марин беше на фестивалот „Руисрок“ и покажа дека знае да се забавува.

„Руисрок“ е фестивал кој се одржува секоја година на островот Руисало во Турку, Финска. Овој фестивал е основан во 1970 година и е вториот најстар рок фестивал во Европа и најстар во Финска.

Фестивалот започна на 8 јули, а завршува денеска на 10 јули и секоја година брои илјадници посетители. Оваа година меѓу посетителите беше и премиерката Марин со нејзиниот сопруг.

На официјалниот истаграм-профил на фестивалот се појави црно-бела фотографија на која премиерката на Финска позира во шорцеви, маица, кожна јакна и чизми, а луѓето едноставно беа воодушевени што одвоила време за ваков вид настан.

Сана претходно се огласи на својот инстаграм-профил објавувајќи фотографија со сопругот, со порака дека ѝ започнал одморот и дека се на пат кон фестивалот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.