Финската премиерка се појави и во друго светло
Финската премиерка Сана Марин беше на фестивалот „Руисрок“ и покажа дека знае да се забавува.
„Руисрок“ е фестивал кој се одржува секоја година на островот Руисало во Турку, Финска. Овој фестивал е основан во 1970 година и е вториот најстар рок фестивал во Европа и најстар во Финска.
Фестивалот започна на 8 јули, а завршува денеска на 10 јули и секоја година брои илјадници посетители. Оваа година меѓу посетителите беше и премиерката Марин со нејзиниот сопруг.
На официјалниот истаграм-профил на фестивалот се појави црно-бела фотографија на која премиерката на Финска позира во шорцеви, маица, кожна јакна и чизми, а луѓето едноставно беа воодушевени што одвоила време за ваков вид настан.
Сана претходно се огласи на својот инстаграм-профил објавувајќи фотографија со сопругот, со порака дека ѝ започнал одморот и дека се на пат кон фестивалот.