Хрватски остров којшто има само три куќи и недопрена природа
Островот Губеша што се наоѓа во заливот Градина кај хрватскиот остров Корчула, е идеално место за бегство од секојдневието.
Римјаните во антиката изградиле луксузна вила во рустикален стил на отровчето. Денеска се видливи темелите на ѕидовите, остатоци од складиштето за вода и ќерамика. Има и делови од системот за греење и од мозаик-подови. Римјаните тука саделе маслинки и бројни лековити растенија. Должината на крајбрежјето е 392 метри, а копното се издига на 10 метри од морето.
Поради својата убавина, островот послужил и како инспирација за спотови на Оливер Драгојевиќ, Мери Цетиниќ и други познати хрватски музичари.
Доколку се решите за го посетите ова привлечно место, треба да се знае оти нема организиран превоз. Имено, овде има само три рибарско-селски куќи, од кои две може да се изнајмат.
Дума.мк