Ви се верува ли дека овие актови се слики а не фотографии!?
На прв поглед добивате впечаток дека станува збор за фотографии, но ако погледнете малку подобро, можеби ќе приметите црти кои укажуваат на тоа дека вие гледате хиперреалистични уметнички слики.
На секое од овие сликарски дела се прикажани голи модели обвиткани со пластична фолија, поради што уметникот Robin Eley морал да посвети внимание на секој, дури и на најмалиот набор, на секој сјај и нијанса.
За да наслика еден портрет, Eley мора да вложи многу часови напорна работа, а најчесто тој работи пет недели по 90 часа.
Роден е во Лондон во 1978 година, но од три годишна возраст живее во Австралија. Свои изложби имал во Лондон и Њујорк, а освоил и високи места на натпреварот за австралиската Национална награда за портрет „Dag Moran“.
Eley, кој порано сликал во комерцијални цели, пред неколку години се преориентирал на портрети. Како што вели тој, пораката која сака да ја пренесе праку своите дела е изолацијата на човекот во современиот свет.
„Јас сум син на двајца родители кои потекнуваат од две различни земји, а се запознале во сосема трета. Мајка ми е од Кина и заминала да живее во Лондон, каде била одделена од пријателите и роднините,“вели тој.
И додава: „Татко ми е од Австралија. Денес сме изолирани преку други начини. Сите сме на Фејсбук и не мораме да ги прашуваме пријателите како се, затоа што таму можеме да видиме што тие прават“.
За да го прикаже проблемот на изолираноста, Eley, своите модили ги обвиткува во целофан. Преку целофанот можете да видите, но не и да го осетите допирот, објаснува тој. Како што кажува тоа е „шармантен живот каде квантитетот е над квалитетот, каде копче ја потиснува насмевката а јадењето на пријателите е од поголемо значење од нашата интеракција со нив“.
Во ова видео можете да погледнете како настануваат неверојатните слики на Robin Eley
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=nA0EQcUgu1Q{/youtube}