Капетан Крик стана најстарата личност што отпатувала во вселената
Објавено на 15 октомври, 2021 во 10:41
Вилијам Шатнер (90), познат по улогата на капетан Кирк во популарната серија „Ѕвездени патеки“, стана најстарата личност во историјата што летала во вселената.
Имено, Шатнер беше со уште три лица на вселенскиот лет на компанијата Blue Origin, чиј сопственик е Џеф Безос.
Патуваа околу 106 километри над Земјата, над линијата Карман. Според Си – Ен – Ен, тие поминале 11 минути во вселената.
– Ова беше неверојатно. Секој треба да го стори тоа – рече Шатнер откако капсулата со членовите на летот се врати на Земјата.
Не е познато дали Шатнер летал бесплатно во вселената или морал да плати неверојатна сума за ова задоволство.