Киванч Татлитуѓ и неговата сопруга Башак Дизер го очекуваат своето прво дете!
Турскиот Бред Пит, Киванч Татлитуѓ и неговата сопруга Башак Дизер го очекуваат своето прво дете! Радосната вест дека Дизер е во третиот месец од бременоста ја соопшти парот, кој судбоносното „да“ го кажа во 2016 година.
Киванч Татлитуѓ и Башак Дизер, кои веќе извесно време живеат во Мардин, важат за еден од најпримерните парови во светот на таблоидите. Веста за очекувањето нивното прво дете ја соопштија на почетокот на декември кога дознаа дека 44-годишната Дизер е во третиот месец од бременоста. Полот на бебето се уште не е познат.
Се претпоставуваше дека Башак Дизер била бремена минатиот јуни. Дизер го негираше тврдењето за бременост одговарајќи на објава на Инстаграм каде пријателка и честиташе. Башак Дизер Татлитуѓ, која испрати приватна порака до својата пријателка, рече: „Не сум бремена. Тоа е погрешна вест што редовно се објавува секоја година“, рече таа.
Татлитуѓ и неговата избраничка се пар кои секогаш претпочитаат да ја чуваат својата љубов подалеку од очите на јавноста, но тие не ја негираат својата среќа и спокојна семејна идила.
„Јас не сум личност која сака јавно да го споделува приватениот живот. Башак исто така.“, вели Киванч во интервју за Турски таблоид.
„Забавување, добро поминато време, споделување радост, ентузијазам и секако тага заедно; заедно се смееме, патуваме, поминуваме квалитетно време; меѓусебно се надополнуваме и негуваме. Секогаш има љубов во тоа што го кажувам. Љубовните врски обично започнуваат со љубов и почит но треба и да продолжат“, продолжува тој.
Киванч Татлитуѓ е дел од многу познати турски хит серии. Неговите улоги секогаш се пример за како брзо се руши рекорд во гледаност и како добро се изнесува карактер со кој сите гледачи можат да се поистоветат.
На нашите мали екрани, тој моментално е познат по улогата во „Со Русија во срцето“ каде глуми млад турчин во елитната царска гарда, Курт Сејит.
„Со Русија во срцето“ раскажува приказна за авантурите на двајца заљубени луѓе, Курт и Шура, ќерка на благородно руско семејство, кои се принудени да ги остават своите животи и семејството зад себе и да избегаат во Истанбул за време на Руската револуција.
Приказната на Курт Сејит и Шура, од деновите на величественост до линијата на фронтот на Карпатите, од немирите до револуцијата, од Алушта до окупираниот Истанбул, до Пера во 1920-тите, во извесна смисла е патувањето на нивната љубов.
Со периодичен драмски заплет што се игра низ Русија, Украина и Турција, оваа вистинска драма ја магнетизира публиката во која било земја во светот.
„Со Русија во срцето“ се емитува на каналот Dizi, а вие можете да ја гледате секој ден од 17:30.