Кучињата можат да даруваат крв и да спасуваат животи на други кучиња
Сопствениците на кучиња обично не размислуваат за крводарителство сѐ додека не се појави ситуација кога им треба крв. Така, во Велика Британија веќе со години има банка за крв за кучиња, пишува „Гардијан“.
Мејбел е шестгодишно тркачко куче од Велика Британија, но важи и за „шампион-крводарител“ којшто помага преку „Пет блад банк УК“ (Pet Blood Bank UK). Нејзината сопственичка, Џулија Пертон вели дека одењето во банката за крв ѝ станало омилено „излегување надвор“ бидејќи е опкружена со луѓе кои ѝ оддаваат почести.
Дарувањето животинска крв во Обединетото Кралство вклучува задолжителен ветеринарен преглед. Кучето дава приближно 450 мл. крв, па како награда, добива кучешки чај и бисквити по дарувањето, како и играчка како подарок.
„Пет блад банк УК“ е засега единствената добротворна банка за крв за животни во земјата.
Дума.мк