Лејди Гага погодена со предмет во глава додека пеела на сцена (видео)
Лејди Гага ја започна својата светска турнеја „Cromatica Ball“ минатиот месец, по две одложувања поради пандемијата на коронавирус. Шоуто доби позитивни критики од медиумите од сите страни – а пејачката доби и плишано мече, во главата.
Во текот на изминатата недела, на Твитер стана вирално видео од плишан зајак кој се одбива од нешто што изгледа како невидлив ѕид на сцената. Фановите коментираат дека Гага има некакво заштитно стакло пред себе за да избегне фановите да ја удрат со некој потенцијално опасен предмет.
Меѓутоа, тој ѕид/штит се чини дека повеќе го нема.
Додека пејачката ја пееше завршната нумера „Hold My Hand“ од филмот „Top Gun: Maverick“, обожавател ја удри со плишано мече во глава.
Гага малку се помести на сцената, но продолжи да пее како ништо да не се случило.
Видеото стана вирално на Твитер.
how do some fans think this is okay… this is so dangerous and sad. 🙁 pic.twitter.com/CnmOP88yOF
— jo???✨haus labs heaux (@jomaticaaa) August 7, 2022