Мекдоналдс воведува нови технологии за да им помогне на слепите лица да порачаат храна
Мекдоналдс не престанува да иновира. По воведувањето на дигиталното мени, до крајот на оваа година, оттаму ќе воведат помошна технологија за слепите клиенти во сите ресторани што ги поседува во Америка.
Новата технологија се додава во постојните ресторани низ Калифорнија, а потоа ќе се пренесе во други американски држави.
Во првата фаза, новата опрема ќе се најде само во рестораните во сопственост на Мекдоналдс, а потоа опремата ќе биде доделена на франшизи што претставуваат 95% од вкупниот број ресторани на Мекдоналдс.
Новата опрема се состои од тастатура, приклучок за слушалки и екран на допир. Слепите клиенти користат слушалки за да се поврзат со менито. Софтверот им ја чита понудата и тие ги користат стрелките на тастатурата за да изберат што сакаат.
Мекдоналдс одлучи да го направи овој чекор откако Националната федерација на слепи во САД посочи дека слепите не можат да ги користат новите технологии што овој синџир на ресторани ги воведе во 2015 година.