Доделени Европските Музички Награди!
За некого разочарување, за некого радост. За некого очекувано, за некого не. Вака би можеле да го опишеме вечерашното случување во Франкфурт, Германија на доделувањето на “Ема“ наградите. И пограј големите и славни имиња како Лејди Гага, Ријана, Кети Пери и други приматот наградени го земаа анонимуси.
Со по три награди како најдобри добитници се појавија Taylor Swift со награди за најдобар женски изведувач, најдобар изведувач во живо и награда за најдобар изглед како и Justin Bieber со награди за најдобар машки изведувач, најдобар поп изведувач и награда за најдобар world stage настап.
Со две “Ема“ награди се здобија One Direction, награда за најдобар дебитант и награда за најстраствени фанови.
По една награда добија:
Nicki Minaj – награда за најдобар хип хоп изведувач,
Linkin Park – награда за најдобар рок изведувач,
David Guetta – најдобар електронски изведувач,
Lana Del Rey – најдобар алтернативен изведувач.
Наградата за најдобар спот отиде во рацете на PSY – “Gangnam Style”, додека наградата за најдобра песна ја доби Carly Rae Jepsen – “Call Me Maybe”. Како најдобар MTV push изведувач беше прогласен Carly Rae Jepsen.
Наградата WORLDWIDE ACT ја доби Han Geng, а наградатата MTV GLOBAL ICON ја доби Whitney Houston.
Пејачките Lady Gaga, Rihanna, Katy Perry и покрај многуте номинации но и фаворити за наградите, доколку беа присутни на доделувањето ќе си одеа дома со празни раце, но бидејќи не беа, го направија шоуто не толку интересно и забавно како минатите години.
Особено чудно за годинава беше и тоа што пејачката број еден во светот Beyonce немаше ниту една номинација.