Евровизија ќе се одржи на 16 мај ама како телевизиско шоу „ Europe Shine A Light“
2.04.2020
По откажувањето на натпреварот за песна на Евровизија 2020 година, ЕБУ и холанскиот национален сервиси , кој е домаќин на Евросонг 2020, потврдија дека изработуваат ново телевизиско шоу „Евровизија: „Europe Shine A Light“, кое ќе се емитува на денот на големото финале во сабота на 16 мај во 21 часот. Ова шоу ќе го пренесуваат сите 41 земја учесничка на Евросонг.
Оваа вечер ќе бидат емитувани сите 41 песна, ревијално, без натпреварувачки карактер, а има обезбедени и многу изненадувања за фановите и гледачите од дома. На шоуто домаќини ќе бидат холандските презентери на Евровизија, Шантал Јанзен, Едсилија Ромбли (Евровизија 1998 и 2007 година) и Јан Смит.
Јонон Ола Санд, извршниот супервизор на натпреварот во име на ЕБУ, рече:
“За жал нема да има натпревар за песна на Евровизија оваа година. Наместо тоа, имаме намера да ја обединиме Европа на 16 мај со уникатна програма. охрабрувајќи ги сите радиодифузери кои требаше да учествуваат на овогодинешниот натпревар за песна на Евровизија и членови на ЕБУ во други земји, да ја емитуваат оваа претстава во духот на единството и заедништвото “, изјави тој.
Македонија требаше да ја претставува Васил Гарванлиев со песната „Ти“. Бидејки песните за годинашниот евросонг пропаѓаат , од ЕБУ на радиодифузерите, во нашиот случај Македонската телевизија, им даде одврзани раце во одлуката дали догодина ќе го испратат истиот пејач со друга песна или ќе изберат нов пејач.
Одговорните од МТВ се уште немаат одлучено дали догодина ќе не претставува Васил со нова песна или ќе изберат друг пејач.