НАСА објави звук од вселената: Се слуша црната дупка (видео)

Објавено на 24 август, 2022 во 11:54

НАСА на својот твитер-профил објави аудио снимка од вселената, која претставува звучни бранови кои доаѓаат од црната дупка и поминуваат низ група галаксии.

„Погрешната претпоставка дека нема во вселената нема звук доаѓа од фактот дека поголемиот дел од вселената е вакуум, низ кој не може да патуваат бранови. Групата галаксии има толку многу гасови што го уловивме вистинскиот звук. Овде тој е засилен и измешани со други додатоци за да се слушне црната дупка“, напишале под видеото.

НАСА објасни дека овие звучни бранови потоа се ресинтетизираат во звуци коишто човек може да ги слушне. Снимените тонови се зголемени за 57 или 58 октави и не се репродуцирани со помош на виолини или други инструменти.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.