Откриена вртоглавата цифра која Маргот Роби ја добила за улогата во филмот „Барби“
Објавено на 27 јули, 2023 во 15:15
Филмот „Барби“ излезе пред неколку дена, а на благајните на американското кино веќе собра вртоглави 22,3 милиони долари.
Така го надмина претходниот рекорд од 17,5 милиони долари, кој го држеше „Чувари на галаксијата 3“.
Иако се знаеше дека Маргот Роби и Рајан Гослинг се добро платени за работата на филмот „Барби“, сега е откриена точната сума што ја добила австралиската актерка.
Како што дознава весникот „Варајети“, Марго за „Барби“ добила неверојатни 12,5 милиони долари.
Роби беше најплатената актерка во 2022 година благодарение на филмот на Грета Гервиг, а хонорарот ја надмина нејзината претходна најголема заработка од десет милиони долари за блокбастерот „Птици грабливки“ од 2020 година.
Дума.мк