Пред 111 години потона „Титаник“
На денешен ден во 1912 година британскиот патнички пароброд „Титаник“ на своето прво патување преку Атлантикот кон Њујорк, удрил во санта мраз во Северниот Атлантик и потонал следното утро при што загинале 1503 луѓе.
Бродот „Титаник” на британската компанија „Вајт стар Лејн”, бил вториот од три брода близнаци до типот „Олимпик”. Тој бил најголемиот и најлуксузен патнички брод на светот во времето на неговата изградба.
Во текот на својата прва пловидба од британскиот пристанишен град Саутемптон до Њујорк, САД, на 14-ти април 1912 година, „Титаник” се судрил со санта мраз и потонал за 2 часа и 40 минути, поточно во 2:20 часот.
Според различни извештаи, во несреќата животите ги загубиле poмеѓу 1.400 и 1.517 луѓе, а околу 507 биле спасени, од вкупно 2.208 патници и членови на екипажот.
Дума.мк