Првиот филм снимен во вселената со Милош Биковиќ наскоро во кината (видео)
Светската премиера на првиот долгометражен филм снимен во вселената – „Предизвик“ ќе се одржи во Москва на 12 април, додека белградската премиера е закажана само седум дена подоцна, на 19 април во Cineplexx.
Филмот „Предизвик“ е првиот филм во историјата на светската кинематографија кој е снимен во вселената, односно на Меѓународната вселенска станица. Оваа, според се, различна филмска приказна ја водеше познатиот руски режисер Клим Шипенко.
Главната приказна следи група хирурзи кои подготвуваат операција на астронаут на вселенска станица, кој поради акутна медицинска состојба нема време да се врати на земјата.
Актерската екипа ја сочинуваат Јулија Пересиљд, Милош Биковиќ, Владимир Машков, Олег Новицки, Антон Шкаплеров, Пјотр Дубров, Јелена Ваљушкина, Варвара Володина, Андреј Шчепочкин, Александар Балуев, Игор Гордин, Алексеј Барабаш, Алексеј Гришин, Артур Бесчастни.
Филмот „Предизвик“ е заеднички проект на Канал 1 Русија, филмската компанија Yellow, Black, and White и START онлајн кино, произведен со поддршка на Рускиот филмски фонд.
По белградската премиера, филмот „Предизвик“ од 20 април ќе биде во редовна кино дистрибуција низ регионот, а со дистрибуцијата на филмот се занимава дистрибутерската куќа „Арт Виста“.
Дума.мк