Шест креативни идеи како сами да направите новогодишна елка: Заштедете време и пари

Објавено на 24 декември, 2021 во 10:36

За многу луѓе, украсувањето на својот дом за празниците е период од годината кога особено го очекуваат. Секој го закачува својот омилен украс на елката, низ куќата се развлечени светилки, а посебно е чувството кога ќе седнете и ќе видите дека добро сте завршиле работа.

Сепак, има нешто посебно кога правите елка или украс и ја изразувате својата креативност, а бонусот е што секогаш дома се прави нешто поубаво и оригинално од она што можете да го купите во специјализирани продавници.

Ако мислите дека големите зелени новогодишни елки се застарени и дека постојат подобри начини на кои можете да го декорирате вашиот животен простор – на вистинското место сте.

Се што ви треба е доза на креативност и умешност, а уредувањето на вашиот дом ќе биде многу поинтересно доколку ги вклучите и најмладите членови на семејството.

1. Елка од светилки

Ова е веројатно најбрзиот и најлесниот начин сами да направите новогодишна елка.

Потребни ви се само неколку клинци на кои ќе можете да ги закачите светилките, а можете да додавате и украси со помош на безбојна селотејп трака.

Фото: Pinterest

2. Креативен начин за користење книги

Старите книги кои собираат прашина на полиците конечно ќе ги добијат своите пет минути. Наредете ги книгите во цик-цак, а на крајот ставете ги свеќите.

Фото: Pinterest

3. Украсете стари скали

На скалата можете да ставите се што имате од декорацијата. Најпрво околу скалата ставете ламби, па на нив закачете украси, а на скалите можете да наредите новогодишни фигури.

Фото: Pinterest

4. Едноставно и убаво

За време на прошетката во природа земете неколку гранки и од нив направете своја елка. Потребна ви е жица која ќе ја држи целата конструкција, а на вас е да ја декорирате како што сакате.

Фото: Pinterest

5. Елка од фотографии

Оваа елка би можеле да ја наречеме и „Божиќна елка на спомените“. Прелистајте ги старите албуми и одвојте ги омилените фотографии, а потоа залепете ги на ѕидот во форма на новогодишна елка. Кога ќе ги додадете светлата, доживувањето ќе биде целосно. Најдобро од сè е што не мора да се фотографирате дури и кога ќе завршат празниците.

Фото: Pinterest

6. Елка на ѕидот

Ова е одлична идеја, особено ако сакате да заштедите простор во мал стан.

Фото: Pinterest
Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.