Твитер има ново лого, Елон Маск ја замени популарната сина птица (фото)
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/04/twitter-blue.jpg)
Корисниците на Твитер денеска можеа да забележат дека наместо сината птица, традиционалното лого на оваа социјална мрежа, во левиот агол од нивниот екран има куче, популарниот „Doge“ од интернет мемињата.
Овој симбол се користеше и за шеговитата криптовалута „Dogecoin“, која извршниот директор Елон Маск еднаш ја промовираше.
— Elon Musk (@elonmusk) April 3, 2023
Со самото тоа, не изненадува што вредноста на оваа криптовалута скокна со промената на логото на Твитер, а за тоа секако придонесе следната објава на Маск:
Маск се потсети и на стара размена на твитови меѓу него и корисник кој го охрабрил да го купи „Твитер“ и да ја замени препознатливата сина птица со симболот на популарното куче од мемињата.
As promised pic.twitter.com/Jc1TnAqxAV
— Elon Musk (@elonmusk) April 3, 2023
„Како што ветив“, напиша Маск при објавувањето на скриншот од преписката.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)