Зошто е добро да се будите рано наутро?

Објавено на 10 декември, 2012 во 23:03

Секој човек некогаш има проблеми со раното будење, но дали некогаш сте се запрашале зошто постојат ранобудни луѓе кои имаат енергија уште во раните утрински часови? Одговорот е во многуте предности кои ги носи ранобудноста.

Поголема контрола

Луѓето кои се будат рано наутро многу почесто знаат да кажат дека имаат јасно зацртани долгорочни цели и дека имаат контрола над случувањата во својот живот.

Предвидување проблеми

Ранобудниците, во просек, имаат поголема способност за предвидување на проблемите, а со самото тоа се и поподготвени за потенцијално решение на тие проблеми. Ова е особено важно во бизнис светот.

Подобро планирање

Луѓето кои се будат без проблеми своето време во тивките утра го користат за организирање, планирање и поставување на целите за повеќе денови однапред.

Време за вежбање

Кога ќе станете порано, имате повеќе време во денот за сите активности, вклучително и за вежбање, пред да започне денот за останатите членови на семејството. Редовното вежбање го подобрува нивото на фитнес, но и расположението, што дава енергија за работа и ја зголемува креативноста.

Подобар сон

Експертите кои се занимаваат со проблематиката на спиењето, велат дека оние што се будат порано, си легнуваат порано, а редовноста на спиењето го прави сонот поквалитетен и тие луѓе се будат многу поодморени од оние што легнуваат доцна во ноќта.

Засилен оптимизам

Поголем број студии покажаа дека ранобудниците се посклони кон оптимизам, задоволоство и самосвесност. „Ноќните птици“, иако се посклони кон креативност и интелигенција, често се склони кон депресија, песимизам и невротично однесување.

Олеснето патување

Логично – ако се разбудите и подготвите порано, ќе можете да тргнете на работа непосредно пред почетокот на сообраќајниот метеж.

Време за себе

Кога пристигнувате на работа пред колегите, имате одредено време само за себе, во кое можете да се сконцентрирате и да размислите за важните нешта, без какви било пречки.

Повеќе време за семејството

Ако рано сте го започнале денот, тогаш веројатно сте успеале да ги завршите сите обврски и вечерта ќе можете целосно да ја посветите на семејството. Наместо да работите и дома, ќе можете да се релаксирате.

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.