Кои се најчудните професии во светот ?
Денес во ерата на економска криза не секогаш имате можност да ја одберете професијата од соништата, па многу луѓе работат што ќе најдат. Еве една интересна листа на најчудни професии во светот.
Чистач на измет од гугутки
Доколку немате проблем со работење на високи места и не Ви пречи теренската работа, тогаш ова е вистинската работа за Вас. Платата е добра, но потребно е напорно работење. Исто така, ќе поминете доста време во заштитна облека и маски, со оглед на тоа што птичјиот измет и амонијакот се прилично токсични. За жал, не постои гаранција дека по првиот работен ден ќе ги гледате птиците на истиот начин.
Мирисање гасови
Постојат луѓе кои се платени да ги мирисаат гасовите од кравите, за да одредат дали имаат правилна исхрана, дали се здрави и дали хормоните им се на соодветните нивоа.
Скротувач на крокодили
Ова е работно место што нуди доста адреналин. Се работи за професија која носи возбуда и опасност и нормално, добра плата.
Продавач во еротска продавница
Оваа професија знае да стане многу чудна, освен ако сте ентузијаст за порнографија. Работејќи во еротска продавница, ќе се соочите со многу чудни луѓе, а ќе треба да ги чистите и кабините во кои потрошувачите тестираат производи.
Тестирање кондоми
Колку и да Ви звучи воздбуливо, размислете пред да дадете отказ од сегашната работа. Имено, кондомите се тестираат со специјални машини за растегнување, со кои се проверува нивната издржливост.
Тестирање перници
Ова е една од најлесните професии на светот. Треба едноставно да лежите или седите на парчиња мебел и потоа да дадете оценка за нивната удобност, со што ќе им помогнете на производителите во понатамошниот развој.
Мастурбирање и оплодување животни
На фармите, постојат луѓе чија работа е да ги мастурбираат мажјаците, за да добијат семена течност, која потоа им ја даваат на други луѓе, чија работа е вештачки да ги оплодат женките. Овој процес, колку и да звучи бизарно, е неопходен за производството на храна во сите поголеми фарми.
Тестер на храна за кучиња
Исто како и храната за луѓе, храната за кучиња мора да се тестира, за да се потврди квалитетот и добриот вкус. Оваа задача им припаѓа на луѓе, со оглед на тоа што кучињата не можат точно да ги доловат недостатоците на она што ќе го пробаат. Ако се одлучите за ваква работа, треба да знаете дека ќе си имате проблеми со здивот.
Заштитник на шуми (од пожари)
Доколку немате попаметна работа, можете да побарате некој национален парк кој ќе Ве плаќа (многу малку пари) за да седите во кула и да внимавате дали некаде ќе избие пожар. Грижата за природата е секако за почит, но ова мора да е една од најздодевните професии што постојат.
Шетач на кучиња
Постојат многу луѓе кои или не можат да ги шетаат своите кучиња или пак немаат време. Тогаш повикуваат професионален шетач на кучиња. Но, ако се одлучите за ваква професија, прво треба да научите како да се справувате со различни кучиња кои Ве гледаат првпат.
Чистач на гуми за џвакање
Сигурно некогаш сте седнале на клупа или столче и не сакајќи сте допреле стара гума за џвакање што некое дете ја залепило одоздола. Постојат луѓе чија работа е да ги отстрануваат овие гуми за џвакање.