Како до поудобна канцеларија?

Објавено на 11 декември, 2012 во 00:43

 

Сакате да се чувствувате удобно во вашата канцеларија? Разубавете ја ! Еве неколку совети како тоа да го направите.

1. Создадете своја оаза

 

На некое видливо место залепете фотографии од места кои најмногу ве смируваат, фотографии од Вашето семејство, децата или пријателите, фотографии од среќни и весели моменти од Вашиот живот. Одберете некоја убава фотографија за на позадина на Вашиот компјутер или поставете дигитална рамка за фотографии.

Кога сте вознемирени или под стрес, погледнете кон овие фотографии. Тоа сигурно ќе ве смири и ќе ви делува пријатно.

2. Прочистете го и освежете го воздухот

Каков е квалитетот на воздухот во Вашата работна просторија? Проветрувајте колку што е можно почесто, посебно во понеделник, бидејќи воздухот за викендот не циркулирал доволно, така што во понеделник воздухот ќе биде тежок и загушлив.

Апаратите за копирање и печатачите, скенерите и сл. го прават воздухот уште потежок, така што доколку имате прилика за тоа – барем апаратот за копирање преместете го во некоја друга просторија.

Добро би било доколку на својата работна маса поставите јонизатор за водух, бидејќи со него ќе ги отстраните честичките со прашина и нечистотиите од воздухот, додека со навлажнувачот за воздух, ќе го освежите тешкиот и загушлив воздух.

3. Овозможете си пријатна светлина

Дали светлата во канцеларијата прават да се чувствувате како да сте на судење? Обидете се обичните светилки да ги замените со оние поквалитетните и да овозможите пријатна светлина.

Од ова сигурно ќе се чувствувате подобро, а сигурно ќе спречите и појавување на неколку нови бори на лицето. Размислете и за заштита на очите од штетното зрачење кое го емитува Вашиот монитор.

4. Донесете цвеќе

Истражувањата покажуваат дека оние работници кои во својата канцеларија имаат цвеќе, се посреќни од оние кои што немаат.

Зелената боја делува смирувачки за очите и поради тоа, потребно е да гледаме во неа повеќе пати во текот на денот.

5. Расчистете го нередот

Погледнете ја својата работна маса. Дали на неа во моментот се наоѓаат сите неопходни работи за работа? Отстранете ги вишокот од хартии за полесно да се сконцетрирате на работата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.